Објавена листата со сместувачки капацитети каде што може да ги искористите ваучерите за туризам

Објавена листата со сместувачки капацитети каде што може да ги искористите ваучерите за туризам

Доколку сте добитник на ваучер за туризам, сега можете да проверите и каде можете да го искористите. Имено, на страницата domasiedoma.gov.mk е објавена листа со сите сместувачки капацитети во кои можете да го искористите ваучерот.

Сместувачките капацитети се поделени на: хотели, физички лица и други објекти.

Вие треба само да ја одберете општината за која сте заинтересирани и потоа ќе ви се појави целата листа. Под секој сместувачки капацитет има телефон за контакт, е-адреса и веб-страница.

Фото: domasiedoma.gov.mk

Ваучери добија вработените лица со нето-плата од 15.000 денари месечно и лица што се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП.

Тука можете да ја видите целата листа.