На Нов Зеланд откриен фосил од праисториски папагал висок еден метар

На Нов Зеланд откриен фосил од праисториски папагал висок еден метар

Научници открија фосил од папагал кој пред 19 милиони години живеел на денешен Нов Зеланд и достигал височина од еден метар. Поради неговата величина, палеонтолозите го нарекле ова праисториско суштество хераклес инекспектатус, во чест на древниот митолошки херој Херкул (Херакле).

- Нов Зеланд е надалеку познат по огромните птици – од видот моа, гуски, орли. Но, досега никој не открил олку голем папагал - изјави проф. Тревор Ворти од Универзитетот „Флиндерс“ во Сиднеј, Австралија.

Папагалскиот фосил е најден близу некогашниот рударски град Сент Батан во средишниот дел на Нов Зеланд.

Тежината на птицата се проценува на околу 7 килограми, има долг клун и се претпоставува дека била месојадец.

Извор: МИА