Паразит ги прави луѓето поатрактивни за да го зголеми пренесувањето

Паразит ги прави луѓето поатрактивни за да го зголеми пренесувањето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Истражувачи откриле дека чест паразит ги прави луѓето поатрактивни за да ги зголеми шансите за сексуално пренесување.

Според истражување водено од Хавиер Бораз-Леон од Универзитетот во Турку, Финска, мажите кои го имаат паразитот T.гондии (T.gondii) имаат посиметрични лица, што се смета за знак за атрактивност, отколку оние без паразитот.

Кога станува збор за жените, оние кои го имале паразитот имале помала телесна тежина и имале поголема самодоверба кога станува збор за нивната атрактивност, покажало истражувањето.

Во анализата луѓе од целиот свет оценувале фотографии од лица со и без паразитот. На фотографиите, оние луѓе со паразитот биле оценувани како поздрави и поатрактивни лица.

Во претходни истражувања на глувци се покажало дека машките глувци со повисок тестостерон почесто го имаат паразитот.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay