Првото видео објавено на „Јутјуб“ се гледа и денес

Првото видео објавено на „Јутјуб“ се гледа и денес

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали знаете како основачите на „Јутјуб“ се сетиле на идејата за создавање на платформата? Еден од нив, Карим Џавед, не можел да најде видео од настапот на Џенет Џексон на „Супер боул“ во 2004 година, кога пејачката имала проблем со гардеробата.

Така, Џавед добил идеја за веб-страница за споделување на видео содржини. Другите двајца основачи имале идеја „Јутјуб“ да стане страница за запознавање преку видео.

Првото видео кое било објавено на платформата е наречено „Јас во зоолошка градина“ (Me at the zoo). Видеото траело 18 секунди, а во него е еден од основачите во посета на зоолошка градина.

Видеото се гледа и денес, а досега било прегледано над 240 милиони пати. Тоа било објавено на 28 април 2005 година.


Извор: Studenti
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)