Зошто никогаш не забораваме да возиме велосипед?

Зошто никогаш не забораваме да возиме велосипед?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Можеби некогаш ви било тешко да се сетите на име на филм кој сте го гледале, но веројатно никогаш не ви се случило да заборавите како да возите велосипед. Зошто луѓето никогаш не забораваат да возат велосипед, дури и ако поминале децении? Одговорот е поврзан со видот на помнење.

Невропсихологот Борис Сучан објаснува дека имаме два различни вида долгорочна меморија: декларативна и процедурална. Декларативната меморија се дели на два вида: епизодна и семантичка. Епизодната меморија е кога се сеќавате на настан во животот, како одење на концерт. Семантичката меморија е поврзана со помнењето факти, како помнењето дека Втората светска војна завршина во 1945 година.

Меѓутоа, добивањето вештина е дел од процедуралната меморија. Учењето како да возите, играњето спорт или возењето велосипед се вакви активности. Информациите за овие активности се чуваат во посебен дел од мозокот поради кој никогаш не ги заборавате вештините.

На научниците не им е јасно зошто спомените во овој дел од мозокот се чуваат подолго во мозокот во однос на другите видови меморија. Според Сучан, нервните клетки помалку се менуваат во овој дел од мозокот, па затоа подолго се помнат ваквите вештини.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay