Наскоро ќе видиме и видео од црна дупка

Наскоро ќе видиме и видео од црна дупка

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Водачот на тимот кој минатата година ја сподели првата фотографија од црна дупка откри дека следната објава ќе биде видеоснимка од космичкото чудовиште кое проголтува големи облаци од гас.

Шеп Доелман истакна дека можеби до 2020 година ќе го направат првиот необработен филм.

Минатата година тимот на Доелман испиша историја кога ја објави првата фотографијата од црна дупка.

За да го изведат досега невидениот потег, истражувачите процесирале податоци од мрежа од осум телескопи од целиот свет.

Според Доелман, тимот веќе ги собрал сите податоци потребни за правење на снимката, но сѐ уште ги обработува многуте информации.