Син ми сака да игра само со едно другарче, а му настапува како шеф, му кажува што да прави, а што не... Како да го убедам да не прави така?
Ве молам за совет за мојот 9,5-годишен син (единец). Тој не е хиперактивен, напротив мирен е, културен и послушен. Проблемот е што тој е опседнат со едно другарче од одделение и сака само со него да си игра. Кога се заедно, мојот син му настапува како шеф, му кажува да го прави тоа и тоа или да не го прави. Исто така, кога сака да се вклопи во игра со негови врсници, сака тој да ги кажува правилата. Тој прв предлага игра, но ако не сакаат повеќето, се повлекува. Разговарав со него дека не е убаво да биде опседнат со едно другарче затоа што во одделението се 15 и со сите треба да си игра, за да не зависи само од едно дете. Исто така, бракот не ни е баш во најдобро светло, но се трудиме да не се караме пред него. Дали мислите дека ова има влијание врз однесувањето на синот кон другарите? Со кој пристап, збор или игра да настапам за да нема зависност од едно дете? Неколку пати му имам објаснето дека не треба така, ама се лути. Дали е нормално ова за дете на негова возраст?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк