Посета на претседателот Стево Пендаровски на Факултетот за безбедност - Скопје при УКЛО

Посета на претседателот Стево Пендаровски на Факултетот за безбедност - Скопје при УКЛО

Денеска претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го посети Факултетот за безбедност-Скопје. Во Деканатот се одржа средба на претседателот Пендаровски со проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Марјан Ѓуровски, деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, и продеканот за настава- проф. д-р Наташа Пеливанова.

1

На состанокот за разговараше за текот на работата на Универзитетот со посебен осврт на Факултетот за безбедност и универзитетското образование од областа на безбедноста, криминалистиката, криминологијата и безбедноста и евроатлантските интеграции, која се реализира на оваа високообразовна институција - членка на УКЛО. Воедно, студентите од Факултетот за безбедност-Скопје имаа можност да остварат непосредна средба со претседателот Пендаровски, кој се заинтересира за нивното студирање и нивната понатамошна иднина како кадар за потребите на безбедносните институции во државата и другите недржавни актери од безбедносниот систем на земјата.

2

Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје му врачи плакета за досегашната успешна соработка и поддршка на претседателот Стево Пендаровски, подвлекувајќи дека Пендаровски е прв претседател по 42 години што доаѓа во таа институција.

Факултетот за безбедност - Скопје беше домаќин на научно-стручна расправа на тема: „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната-Република Северна Македонија по членството во НАТО“, која се организира во соработка со Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

4

Дебатата ја отвори претседателот Стево Пендаровски, а се обрати и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Никола Дујовски. Панел-воведничари беа проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. Саше Герасимовски, проф. Марјан Николовски и проф. Александар Иванов од Факултетот за безбедност-Скопје, а говореа и членовите на Советот за национална безбедност: проф. д-р Трајан Гоцевски и проф. д-р Ветон Љатифи. Повод за одржување на дебатата беше разгледување на предлог-стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија, која е предмет на расправа пред донесување од претседателот.