Нобеловата награда за литература ја доби унгарскиот автор Ласло Краснахоркаи

Нобеловата награда за литература ја доби унгарскиот автор Ласло Краснахоркаи

Нобеловата награда за литература за 2025 година му припадна на унгарскиот автор Ласло Краснахоркаи за неговиот убедлив и визионерски опус кој, среде апокалиптичен ужас, ја потврдува моќта на уметноста, соопштија од Шведската академија.

Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула. Студирал право во Сегед, а потоа унгарски јазик во Будимпешта. Од 1983 година работи како професионален писател.

Краснахоркаи е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици.

Извор: nobelprize.org
Фото: The Nobel Prize (X)