Како да изгледате импресивно на интервју за работа?

Како да изгледате импресивно на интервју за работа?

Пред воопшто да кажете збор пред личноста што ќе ве интервјуира, таа веќе има некаков прв впечаток за вас кој го формира врз основа на вашиот изглед, држење и однесување. Секоја компанија има свој дрес-код. Но некои правила се универзални.

Иако повеќемина сметаат дека облекувањето кај мажите е многу поедноставна работа отколку кај жените, овој стереотип е далеку од вистината. Токму затоа овој пат ќе зборуваме за мажите и нивниот стајлинг на интервју за работа.

1. Професионален изглед. Облечете се така што ќе изгледате професионално и во согласност со позицијата за која аплицирате. Во повеќето случаи тоа значи да облечете костум – внимателно избрани сако и панталони, соодветна кошула и вратоврска. Доколку сакате да постигнете поконзервативен изглед, изберете костум со потемна боја, светла кошула и храбра вратоврска. Ако, пак, сакате да прикажете малку повеќе храброст, изберете модерни кроеви, кои вешто ќе ги искомбинирате со деталите.

2. Облечете се удобно. Во костумот што ќе го изберете треба да се чувствувате како во своја кожа за да го покажете најдоброто од себеси. Ако не ви е удобно, тоа ќе се забележи бидејќи ќе ви влијае на самодовербата. Не обидувајте се да влезете во костумот од свадбата на сестра ви, кога имавте 15 години. Инвестирање во добар костум и во комплетен репрезентативен аутфит – кошула, вратоврска, чевли и додатоци како што се иглите за вратоврска или марамчиња за предниот џеб – секогаш е добра идеја. Додатоците се мали нешта што ставаат точка на комплетниот аутфит и на првиот впечаток.

3. Чиста и уредна облека. Многу е важно облеката да биде чиста, уредна и испеглана. Доколку не можете самите да го постигнете тоа, користете услуги за хемиско чистење. Лошо испеглана кошула нема да ви помогне за да оставите импресивен прв впечаток.

4. Дискретен мирис. Користете дезодоранс или дискретна колонска вода. Не претерувајте со јаки парфеми – не сакате да изгледате пренападно или пак некому да му предизвикате алергиска реакција.

5. Опис не е потребен. Откако ќе почне разговорот, препуштени сте сами на себе, но за првиот впечаток направете добар избор и дозволете ѝ на облеката да зборува за вас. Ние ви го препорачуваме италијанскиот бренд за елегантна машка облека Gabbiacci. Ќе ги најдете во ГТЦ на приземје од страната кон Жена-парк. Во новата колекција на Gabbiacci за есен-зима 2018-2019 ќе најдете сè што ви е потребно за да постигнете импресивен изглед за интервју за работа. Опис навистина нема да ви биде потребен.



(комерцијална објава)