Знаци дека сте премногу анксиозни иако не ви се чини така

Знаци дека сте премногу анксиозни иако не ви се чини така

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Анксиозноста е непријатна состојба на вознемиреност, односно страшно очекување дека ќе се случи нешто лошо.

Лицето очекува некаква опасност и чувствува дека нема да може да се заштити од таа опасност или дека тешко ќе се соочи со последиците. Ова би била феноменолошката дефиниција за анксиозност.

- Анксиозноста се јавува поради широк спектар што се случува во организмот - вели Черлинг Чонг, водич за врски и раскинувања. Таа работи со клиенти што се анксиозни. Тие ги акумулираат проблемите во себе сè додека не пукнат.

Клиентите што се анксиозни често се доведуваат до границата. Повеќето луѓе што можат да функционираат до висок степен на вознемиреност имаат длабок страв од неуспех или дека нема да им се допаднат на луѓето, вели Черлинг Чонг.

Тешко е да се забележи таквата состојба бидејќи најчесто е скриена. Некои ги собираат грижите што се вртат во нивната глава сè додека не експлодираат, додека надворешно изгледаат сосема нормално. Затоа таквата состојба е штетна за таквите луѓе.

Тие добро се приспособуваат. Убаво се облекуваат, одлично изгледаат. Проблемот е во тоа што се однесуваат нормално, па другите луѓе не гледаат што им се случува. Нивната надворешност е добро извежбан механизам што го создале за да ја задржат својата репутација. Тие веројатно се лидери на работното место, сопственици на компании или директори или врвни експерти во својата област. Не сакаат да разговараат за анксиозноста поради стравот дека ќе ги гледаат како несовршени.

2
Фото: Depositphotos


Престанете да го негирате проблемот

Првиот чекор е луѓето да прифатат дека имаат проблем. Вториот чекор е лекување.

- За добро функционирање, треба да прифатите дека се различни. Ако можат да бидат околу луѓе како нив, кои се исто така водени од кариерата, тогаш ќе сфатат дека не се луди и дека не се поврзани со оваа состојба - вели таа.

Ова се некои од знаците дека можете да функционирате со висок степен на вознемиреност, што е лоша вест за вас:

- Мислите дека анксиозноста е нормален дел од животот. Однатре се чувствувате поинаку отколку што изгледате однадвор.

- Не се откажувате од ништо поради стравот од неуспех, вклучувајќи ги и токсичните односи.

- Им угодувате на луѓето бидејќи сакате да бидете подобри во очите на другите.

- Мислите дека не можете да направите нешто бидејќи скалата е превисоко поставена. Затоа не правите ништо, се плашите дека ќе ги разочарате другите.