Што се слуша на Марс? Сосема е различно од она што го слушаме на Земјата

Што се слуша на Марс? Сосема е различно од она што го слушаме на Земјата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Сондата „Инсајт“ која од минатата недела се наоѓа на површината на Марс, ги сними звуците на ветерот на Марс. Снимките беа објавени вчера од центарот за развој на НАСА.

Се проценува дека ветрот бил со бризна од 16 до 24 километри на час, а научниците наведуваат дека станува збор за првите звуци од Марс што човечкото уво може да ги слушне.

-Ме потсетува на седење надвор за време на ветровито летно попладне. Вака би звучело да седите во сондата „Инсајт“ на Марс - изјави Дон Бенфилд, научник од Универзитетот Корнел.

Научниците вклучени во проектот се согласуваат дека звукот има вонземски квалитет.

Томас Пајк од Империјалниот колеџ во Лондон вели дека звуците се прилично различни од сето она што сме го искусиле на Земјата. Вревата била направена од ветрот што дувал во соларните панели на „Инсајт“, па така предизвикал вибрирање на целата вселенска сонда.

Звуците биле снимени од сензор за воздушен притисок и сеизмометарот на сондата. Ниската фреквенција е последица на малата густина на воздух на Марс, но и самиот сеизмометар, чиа цел е откривање на сеизмички бранови во подземјето.

„Инсајт“ слетал на Марс на 26 ноември.