Најдобрите цитати од Никола Тесла

Најдобрите цитати од Никола Тесла

Низ историјата постоеле многу одлични научници, а и денес постојат. Меѓутоа, еден од најголемите е Никола Тесла. Го нарекуваат „човекот кој го измисли 20 век“. Неговиот придонес за човештвото не се споредува со друг.


Никола Тесла бил тивок и скромен иноватор. Генијот му подарил на светот многу изуми и неколку изреки што се споменуваат и денес. Следува дел од нив.

„Денешните научници мислат длабоко, а не јасно. За да се мисли јасно, треба да се има разум, но да се мисли длабоко, треба да се биде многу луд.“

„Мислам дека не постои восхит како оној почувствуван од иноваторот кога гледа како неговиот изум станува успешен. Таквите чувства прават човек да заборави на храна, спиење, пријатели, љубов, сè.“

„Денот кога науката ќе почне да ги истражува нефизичките феномени ќе постигне поголем напредок за една деценија отколку сите претходни векови.“

„Иако размислуваме и дејствуваме слободно, ние сме споени заедно, како ѕвездите на небото, кои се неразделни. Овие врски не може да се видат, но ние може да ги почувствуваме.“

„Во 21 век роботот ќе го заземе местото на робовите во древните цивилизации.“

„Нашите доблести и нашите неуспеси се неразделиви, како силата и материјата. Кога ќе се раздвојат, човекот веќе не постои.“

„Не се грижам зошто ми ја украдоа идејата, се грижам што немаат свои идеи.“

„Парите не се толку вредни како што мисли човекот. Моите пари ги инвестирав во експерименти со кои направив нови откритија со кои му помагам на човештвото да има полесен живот.“

„Од сите неразбирливи отпори, оној што најмногу го збудалува човековото движење е незнаењето. Буда го нарекол - најголемото зло на светот.“

„Инстинктот е нешто што го менува знаењето. Без сомнеж имаме нешто што овозможува да ги спознаваме вистините со логично размислување или секој друг напор на мозокот е бескорисен.“

„Бидете сами, тоа е тајната на иновацијата; бидете сами, тогаш се раѓаат идеите.“

„Животот е и ќе остане равенка невозможна за решавање, но содржи неколку познати фактори.“

„Желбата која ме води во сè што работам е желбата да ја искористам силата на природата за да му служи на човештвото.“

„Борбите помеѓу индивидуалците, како и владите и нациите, несомнено се предизвикани од недоразбирања. Недоразбирањата секогаш се предизвикани од неспособноста да се цени туѓото мислење.“

„За еден човек тоа е Бог, за друг се физичките закони.“

„Последните 29 дена од месецот се најтешки.“

„Нека иднината ја покаже вистината и оцени секого според неговата работа и достигнувањата. Сегашноста е нивна; иднината, за која навистина работам, е моја.“