Британка се соочува со казна од 50 години затвор поради кражба на шишиња вино вредни 35.000 евра

Британка се соочува со казна од 50 години затвор поради кражба на шишиња вино вредни 35.000 евра

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Британка се соочува со затворска казна до 50 години откако била обвинета за кражба на шест шишиња вино додека била на одмор.

Иако во Велика Британија виното е лесно достапно и по ниска цена, Натали Реј била обвинета дека се здружила за да украде шест шишиња скапо вино додека патувала.

Наводно, таа влегла во винарницата „Л’Оберж Провенкал“ претставувајќи се како успешна канадска бизнисменка, додека нејзин соучесник побегнал со шест шишиња „пино ноар“ од легендарната француска винарница „Домен де ла Романе-Конти“. Ако не сте добар познавач на вино, оваа винарница произведува само околу 5.000 шишиња годишно, а луѓето плаќаат огромни суми за да поседуваат едно, без оглед дали ќе го пијат.

Иако е речиси неверојатно што соучесникот успеал да украде шест шишиња со вредност над 35.000 евра, од ресторанот за брзо време забележале дека нешто не е во ред, по што Британката била задржана и уапсена на самото место.

На снимките од видеонадзорот наводно се гледа како таа инсистирала да разговара со сомелиерот Кристијан Борел тврдејќи дека мора да провери дали виното е чувано на соодветна температура.

Тие за брзо време го напуштиле локалот, но наскоро биле фатени. Пред Окружниот суд во Кларк Каунти во Вирџинија, Натали била обвинета за голема кражба, заговор за голема кражба и измама на угостител, што наводно може да ѝ донесе казна и до 50 години затвор.

Иако има земји каде што дури и за мали престапи има високи казни, како што често се случува во Индонезија, каде што поседувањето марихуана може да значи и смртна казна, изненадува толку строга потенцијална казна во САД.

Секако, САД сè уште ја применуваат смртната казна, а односот кон странци во моментов не е особено наклонет. Сепак, Натали била шокирана кога дознала дека за наводниот престап може да добие и до 50 години затвор. Таа тврдела дека неименуваниот соучесник ја киднапирал и ја присилил да учествува во кражбата по нивната средба на едно крстосување.

Извор: Ladbible.com 
Фото: Screenshot/YouTube