Оглас што привлече внимание: Норвешка компанија нуди 3.000 евра плата месечно за 36,5 часа неделно

Оглас што привлече внимание: Норвешка компанија нуди 3.000 евра плата месечно за 36,5 часа неделно

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Кверви, мало место на полуостровот Фосен во норвешката општина Орланд (област Тренделаг), брзо се развива значајна индустрија за аквакултура.

Овој крај, познат по својот импресивен крајбрежен пејзаж, е дом на многубројни фарми за одгледување лосос, со што Норвешка го потврдува статусот на најголем светски извозник на оваа риба.

За потребата на тие фарми, компанијата „Салмар АСА“, еден од водечките светски производители на атлантски лосос, активно бара десетици нови работници. Норвешка нуди десетици работни места за неквалификувани лица на фарми за лосос со саатница од приближно 19,86 евра.

Отворени се 100 работни места на неопределено време и за ниту едно од нив не е потребно претходно работно искуство. Единствен услов е кандидатите да имаат основно познавање на англиски или норвешки јазик. Работата се извршува од понеделник до петок и вклучува активности како сортирање, пакување и контрола на квалитет.

Саатницата изнесува 228,46 норвешки круни (околу 19,86 евра). Со неделна работна обврска од 36,5 часа, проценетата месечна плата надминува 3.000 евра. Притоа, дополнителните бонуси, како 20 отсто надомест за попладневна смена, ја зголемуваат конечната заработка.

Работниците имаат на располагање и услуга за исхрана по симболична цена од 2 евра дневно. Рокот за пријавување е 31 јануари 2026 година.

Извор: Vecernji.hr 
Фото: Freepik