Тајната на Црвената Планета: Зошто луѓето што ќе патуваат на Марс би живееле пократко?

Тајната на Црвената Планета: Зошто луѓето што ќе патуваат на Марс би живееле пократко?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Летот на Марс би можел да им го скрати животот на астронаутите за две и пол години поради космичкото зрачење, предупредија научниците во текот на конференцијата за авио-вселенска и еколошка медицина.

Целото човештво сонува за лет на Марс, но за да се реализира првиот лет, потребни се многу работи: супертешка ракета поголема од сите што постојат на светот, вселенско летало во кое астронаутите би можеле да се задржат повеќе од една година, специјална облека, ровер и можност да се собираат вселенските бродови во орбитата.

Некои научници сметаат дека ниту сè наведено не би помогнало бидејќи астронаутите едноставно немаат шанси да летаат на Марс поради опасноста од сериозни заболувања, а можеби и смрт. За сето ова е виновно космичкото зрачење.

1
Фото: NASA

Всушност, универзумот не е толку празен како што се чини. Космичкото зрачење и космичките зраци, кои се состојат од наелектризирани честички, ја исполнуваат вселената. Нивниот извор е Сонцето и микробрановото зрачење. За среќа, од космичкото зрачење нѐ штитат атмосферата и магнетното поле на планетата.

Ако ја замислиме атмосферата на Земјата како воден ѕид, тој има дебелина од околу десет метри, додека вкупната дебелина на сите слоеви заштита на Меѓународната вселенска станица е само еден сантиметар.

Астронаутите ги спасува тоа што се наоѓаат во орбитата што поминува во границите на магнетното поле на Земјата, а таму каде што почнува тоа се формирани Ван Аленовите појаси. Меѓународната вселенска станица лета под нив без да ги допира и поради тоа не е во просторот каде што е најсилно зрачењето. Сепак, космонаутите што се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица може да бидат изложени на големо зрачење.

Во моментот, медицината има одредено максимално ограничување на зрачењето што човек не би смеел да го надмине за да не дојде до сериозни проблеми со здравјето. Оваа граница изнесува 1.000 сиверти, а астронаутот може да биде изложен на оваа доза радијација опасна за живот ако има четири лета годишно.

За време на летот на Марс ситуацијата е уште полоша. Во текот на целото патување астронаутите ќе бидат изложени на космичко зрачење, но колку ќе биде силно, тешко е да се каже. Тоа зависи од соларната активност за време на летот, времето поминато на површината на Марс и степените на заштита од зрачењето што ги има вселенскиот брод. Излегува дека нивото на радијација може да биде различно при секој лет.

Уште поважно, во овој момент бесмислено е да се разговара за тоа колку радијацијата би влијаела врз астронаутите на летот на Марс бидејќи сѐ уште не постои вселенски брод со кој би се спровел летот. Американскиот „Орион“ е премногу мал, а супертешката ракета „СЛС“ не одговара, така што потребно е нешто многу посериозно.

Ниту една од државите сѐ уште не започнала со изградба на вселенски брод што ќе овозможи лет на Марс. Во теорија, работата на таквиот вселенски брод се изведува во компанијата на Илон Макс, но рано е да се зборува за тоа пред бродот да биде прикажан пред пошироката јавност. Сосема е можно ѕидовите на бродот да се користат за складирање вода, а во случај на сончева ерупција, ќе имаат и специјални засолништа. По изградбата на ваквиот вселенски брод ќе биде можно да се зборува за долгото и сложено патување до Марс.