Уловени радиосигнали што доаѓаат од галаксија оддалечена 1,5 милијарда светлосни години

Уловени радиосигнали што доаѓаат од галаксија оддалечена 1,5 милијарда светлосни години

Повторени радиосигнали доаѓаат од галаксија оддалечена 1,5 милијарда светлосни години, тврдат научници.

Тој феномен ја продлабочува мистеријата и нуди потенцијална можност за конечно да се разбере што би можело да исфрли тресок од галаксија оддалечена милијарда светлосни години.

Но, тресоците останаа мистерија, со малку докази за тоа од каде доаѓаат.  Веројатно највозбудлив од новите рафали е тој што научниците го гледаат шестпати, очигледно од истата локација.

Од повеќе од 60 најбрзи радиосигнали откриени досега, само еден од нив никогаш не се повторил.

 - Досега имаше само еден познат кој се повтори. Постои можност да има повеќе. И со повеќе репетитори и повеќе достапни извори за проучување, можеби ќе можеме да ги разбереме тие вселенски загатки – од каде се и што ги предизвикува - изјави Ингрид Стаирс, членка на тимот научници и астрофизичар на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија.

Два сета од повторувачки сигнали исто така може да им овозможат на научниците да разберат што ги разликува од поединечните рафали, да им помогнат да разберат повеќе за нивното потекло и да внимаваат на идните експлозии.

 - Кој и да е изворот на овие радиобранови, интересно е да се види колкав широк спектар на фреквенции може да произведе. Постојат некои модели во кои изворот не може да произведе нешто под одредена фреквенција - истакна Арун Наиду, член на тимот од Универзитетот „Мекгил“.

Експлозиите се откриени при канадскиот експеримент за мапирање на интензитетот на водородот во Британска Колумбија.

Од 13 нови експлозии најмалку седум се регистрирани на 400 мегахерци – најниската фреквенција од сите откриени.

Тоа сугерира дека можеби се повеќе.

Научниците посочуваат дека сега знаат дека изворите можат да произведат нискофреквентни радиобранови, кои можат да избегаат од својата околина, и не се премногу проширени да бидат детектирани од моментот кога ќе дојдат до Земјата. Тоа ни кажува нешто за опкружувањето и изворите. Не го решивме проблемот, но тоа се уште неколку делови во загатката.

Извор: МИА