Пари, купони за пазарење, бесплатен интернет... нова тактика на Кина за да се спречи ширењето на коронавирусот

Пари, купони за пазарење, бесплатен интернет... нова тактика на Кина за да се спречи ширењето на коронавирусот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Пари, подароци и бесплатни оперски претстави се некои од работите што Кина им ги нуди на граѓаните за да ги спречи да патуваат и така да го шират коронавирусот.

Ситуацијата со коронавирусот е под контрола во државата, но неодамна тој повторно почна да се шири на одредени места во Северна Кина, па властите преземаат мерки за да ги поттикнат жителите да останат дома.

Насекаде низ светот новогодишните празници се слават најмногу, но во Кина најголем празник е Кинеската Нова година. За многумина, ова е време во годината кога се оди дома и се слави со семејството, па затоа овој период најмногу се патува во земјата.

Властите повторно воведуваат мерки за намалување на ширењето на коронавирусот откако бројот на заразени лица почнал да се качува во делови од земјата. Но освен вообичаените мерки како зголемено тестирање и задолжителен карантин, годинава властите и компаниите се обидуваат да ја контролираат ситуацијата со други методи за поттикнување на жителите да останат дома, јавува „Вол стрис џурнал“.

Се доделуваат парични бонуси, ваучери, купони за пазарење, бесплатен мобилен интернет и други подароци што треба да ги натераат жителите да се откажат од плановите за патување.


Извор: wsj.com
Фото: Pixabay