Земја во која разведените жени се најпосакувани, а постои дури и пазар за разведени
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Босанскиот авантурист Роберт Дачешин на социјалните мрежи сподели интересен податок за Мавританија, односно за жените во оваа земја кои се „особено ценети“ ако се разведени и дека дури постои пазар за разведени жени. Причината лежи во древните берберски обичаи.
- Дали знаете дека разведени жени се најпосакувани во Мавританија и дека постои пазар за разведени жени? - вели тој во видеото и објаснува дека причината е тоа што кога една жена се разведува од својот сопруг, целиот имот и сè што стекнале во текот на бракот ѝ припаѓа неа.
Се верува дека Мавританија има една од највисоките стапки на развод во светот, иако официјалните податоци не се реални бидејќи поголемиот дел од браковите никогаш формално не се регистрираат. Земјата, исламска република со правен систем заснован на шеријат, ги должи своите изразено либерални ставови кон разводот на древните берберски обичаи.
Во мавританската култура разведени жените се слават, па дури и се идеализираат. Постојат генерации поети кои романтизираат разведени жени како заводнички, ослободени од погледите на родителите и ограничувањата на бракот.
Во оваа земја сопругот може усно да се откаже од сопругата, додека жената може да побара развод само во ограничени околности, обично ако сопругот е насилен или неверен. Споровите за пари и старателство над децата често завршуваат на суд, каде што мнозинството судии се мажи, а пресудите обично одат во корист на мажите. Сепак, жените ретко го напуштаат бракот без ништо. Според традицијата, материјалното се пренесува на жената по разводот.
Овој обичај е највидлив на пазарот за разведени жени во Нуакашот. По широкиот, прашлив пат, жените продаваат работи стекнати во браковите: фрижидери, теписи, чајници, садови, столови и софи наредени во високи, нестабилни купови. Трговците се жени, некои разведени повеќе пати, кои исто така купуваат стока од неодамна разведени сопруги.
Се зборува дека мажи од целиот Нуакашот доаѓаат на пазарот во потрага по сопруга која била во брак и разведена неколку пати.
Извор:
Klix.ba
Фото:
Instagram