Најпознатиот светски циркус „Сирк де солеј“ сега можете да го гледате онлајн

Најпознатиот светски циркус „Сирк де солеј“ сега можете да го гледате онлајн

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

И „Сирк де солеј“ мораше да ги одложи сите свои настапи поради пандемијата на коронавирус што нè затвори во нашите домови.

За гледачите да продолжат да уживаат во оваа прекрасна уметност, потребни им се само интернет и кауч на кој ќе се опуштат. Неверојатните изведби на овој циркус никогаш не биле поблиску.

Ѕирнете во прекрасниот свет на циркусот. Научете некои нови трикови, како се прави шминката за настап, а од циркусот подготвија и видеосодржини за најмладите.


Бегство од реалноста

Денес, повеќе од кога било на сите им е потребно бегство од реалноста. Внесете радост во вашиот живот и уживајте во прекрасните снимки. На веб-страницата на циркусот можете да најдете листа со онлајн-видеа.

„Сирк де солеј“ инаку е нешто помеѓу театар и циркус, музички и сценски спектакл. Ефектите, одличните костими и врвните перформанси се дел од оваа магија што не смеете да ја пропуштите.



Извор: Lola Magazin
Фото: Instagram