„Никон“ нуди бесплатни онлајн-часови за фотографирање

„Никон“ нуди бесплатни онлајн-часови за фотографирање

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Со оглед на ситуацијата и пандемијата во светот, многумина од нас бараат нешто со што ќе се занимаваат додека седиме дома. Без разлика на тоа дали сакате да гледате филмови, виртуелни турнеи или да читате романи, размислете да го додадете и фотографирањето на таа листа.

Во текот на овој месец производителот на фотоапарати „Никон“ нуди бесплатни онлајн-часови за дигитална фотографија. Часовите обично изнесуваат од 15 до 50 долари, но сега се бесплатни до 30 април.

10 вирутелни курсеви опфаќаат теми како фотографирање миленичиња и деца, фотографирање пејзажи, снимање видеа и друго. Новите фотографи можат да почнат со „Основи на фотографијата“, курс во кој професионалниот фотограф Рид Хофман ќе им помага на студентите да ги усовршат основите на фотографијата.

- Мисијата на „Никон“ отсекогаш била да ги охрабри креаторите -вели компанијата на својата веб-страница.

- Во овие неизвесни времиња можеме да го направиме тоа така што ќе им помогнеме на креаторите да останат инспирирани, ангажирани и да растат - пишува „Никон“.

На курсот за фотографирање деца и домашни миленици учениците ќе научат како да создаваат пози кои изгледаат природно, како нежно да се замати заднината, како да се постави камерата и слично.

Покрај тоа, „Никон“ ги нуди своите стриминг-настани бесплатно. Настаните вклучуваат разговори од фотографи на теми од поставки на фотоапаратот до тоа како да се изберат леќи, како и лекции за креативноста.

Извор: Lonely Planet
Фото: Pixabay