Какви чудни работи ќе им се случат на првите луѓе што ќе живеат на Марс?

Какви чудни работи ќе им се случат на првите луѓе што ќе живеат на Марс?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога станува збор за пронаоѓањето нова планета погодна за живот, најочигледен кандидат е нашиот планетарен сосед Марс. Ако зборуваме за нашите други изгледи во Сончевиот Систем, тогаш Марс изгледа како најдобрата опција меѓу лошите избори. Можеме или да изгориме на Венера или да загинеме на Јупитер, во некоја од бурите што ја погодуваат нејзината површина и кои сами по себе се многу поголеми од оние Земјата. Исто така, се поставува прашањето како воопшто да се стигне до тие локации.

Марс е најочигледниот избор за нас, но НАСА проценува дека сепак ќе ни требаат околу седум месеци за да стигнеме до планетата. Човештвото на Марс можеби нема да се соочува со предизвиците како од другите планети, но сè уште има многу начини на кои секој доселеник на Марс може да биде загрозен.

Да почнеме со нешто што обично го земаме здраво за готово овде на Земјата, а тоа е дишењето. На Земјата, најчест елемент во атмосферата е азот, со 78 проценти, како и со 0,04 проценти јаглерод диоксид. На Марс, нивото на јаглероден диоксид е неверојатни 95 проценти. За споредба, атмосфера со 10 проценти јаглерод диоксид е доволна за некој да се онесвести во рок од 10 до 15 минути, а дури и 15 проценти е премногу. Значи 95 проценти може да биде огромен проблем.

Како да се приспособите?


Следна е температурата, па најниската забележана температура на Земјата е онаа на Антарктикот -93,2  Целзиусови степени. Сепак, на Марс температурите редовно паѓаат до -125 Целзиусови степени.

Биологот Скот Соломон објавил книга со наслов „Идни луѓе: во внатрешноста на науката за нашата континуирана еволуција“, која се однесува на тематиката како можеме да се приспособиме на непријателската средина на Црвената Планета.

Соломон сугерира дека луѓето може да станат предмет на „основачки ефект“. Ова е ситуација во која видот мора многу брзо, во еволутивна смисла, да се приспособи во нова средина. Ваквите околности создаваат генетско тесно грло, што значи дека мутациите се случуваат побрзо, што во еволутивна смисла изнесува неколку стотици генерации.

Тоа би можело да биде само 6.000 години, нешто подолго од целата запишана човечка историја. Соломон пишува во својата книга:

- Ова рутински им се случува на животните и растенијата кои се изолирани на островите... но, додека тоа на островите може да потрае илјадници години, забрзаната стапка на мутација на Марс и острите контрасти помеѓу условите на Марс и Земјата веројатно би го забрзале процесот.

На пример, помалата гравитација на Марс може да доведе до губење на густината на коските, што може да предизвика почести фрактури.

- По многу генерации, луѓето на Марс би можеле да завршат со природно подебели коски... што ќе им даде поцврст изглед - заклучил Соломон.

Извор: klik.hr

Фото: Freepik