Кога ќе му речеме „не“, буквално ’ржи, вреска и доаѓа да нѐ удри... Како да постапиме?

Кога ќе му речеме „не“, буквално ’ржи, вреска и доаѓа да нѐ удри... Како да постапиме?

Ми треба совет околу однесувањето на моето 16-месечно дете. Тој сега е во фаза кога самостојно оди и осознава сѐ околу него, па така прави некои работи кои не би смеел да ги прави или фаќа. Во моментот кога ќе му се каже не или „Не смееш тоа/Не е добро тоа“, тој веднаш почнува да вреска и да плаче, ги собира рацете во тупаници и буквално ’ржи, доаѓа и нѐ удира, нѐ гризе и кубе… Исто така, многу е самостоен во поглед на играње, знае како да се заигра и кога има други деца, тој повторно претежно сам игра. Кога е многу заигран или пак прави нешто што не би смеел да го прави, ако го викнеш по име не се врти веднаш. Гледам дека има пожив темперамент и претежно е ваму-таму и сѐ го интересира, но не знам како да постапам со горенаведеното. Ако може некакво мислење и совет од ваша страна?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк