Бесплатен курс за психологија на „Јеил“ што ќе ви открие неверојатни факти за психологијата и за вашиот ум

Бесплатен курс за психологија на „Јеил“ што ќе ви открие неверојатни факти за психологијата и за вашиот ум

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Зошто размислуваме и зошто постапуваме онака како што постапуваме? Од што се плашиме најмногу и зошто? Што значат нашите соништа? Наоѓањето јасни одговори на некои прашања не е лесно.

Но, најпопуларниот онлајн-курс има цел да ги истражува овие идеи и да даде одговор на прашањата што долго време нѐ мачат. Со над 620.000 кандидати досега, бесплатниот курс на Универзитетот „Јеил“, наречен „Вовед во психологија“, ја открива науката зад когнитивната, социјалната и клиничката психологија, од тоа како ги перципираме работите до она што влијае врз нашите односи.

Курсот го предава д-р Пол Блум, професор на „Јеил“, кој предава психологија од 1990 година. Тој е и автор на пет книги и коуредник на три.

Блум го создал курсот за да даде одговор на многу важни прашања што ги имаме за нашите мисли и однесување користејќи факти поддржани од истражувања за да се објаснат на едноставен начин.

Курсот навистина ќе ви го привлече вниманието бидејќи обезбедува сеопфатен преглед на клучните теми за психологија.

Курсот можете да го следите бесплатно ТУКА.

Извор: Insider.com
Фото: Freepik