Зошто луѓето немаат црни очи?

Зошто луѓето немаат црни очи?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Бојата на очите всушност се развива и се менува сѐ додека не наполниме три години. Сепак, невозможно е да бидат целосно црни. Понекогаш се чини така поради светлината, рефлексијата на облеката или леќите, но не постојат целосно црни очи, и тоа од повеќе причини.

Нашите гени не го дозволуваат тоа

Постојат околу 16 различни гени кои се одговорни за бојата на нашите очи. Од нив два се најважни: ХЕРЦ2 и ОЦА2. Тие ја одредуваат бојата на очите преку количината на меланин присутен во ирисот.

Тие бои доаѓаат во различни нијанси, од сина до сива, но најтемната можна боја е многу темнокафеава, а не црна.

Кога би имале црни очи, би плачеле цело време

Предметите што имаат црна боја апсорбираат повеќе светлина, а прекумерната светлина и енергија што се апсорбираат се претвораат во топлинска енергија. Ова значи дека во случај да имаме црни очи, би плачеле нонстоп за очите да бидат доволно влажни.

oci
Фото: Freepik

УВ-зраците би ги оштетиле очите


Исто така, би било тешко да излеземе надвор сред бел ден поради сончевите УВ-зраци. Црните предмети апсорбираат повеќе УВ-зраци од другите, а продолжената изложеност на УВ-светлина може да го влоши здравјето на нашите очи и да предизвика проблеми, како што се катаракта или рак на кожата. Благодарение на неговиот генски состав, меланинот кој му дава боја на ирисот нè штити од ултравиолетова светлина. Истражувањата покажуваат дека меланинот може да уништи над 99,9 отсто од УВ-зрачењето што го апсорбира, заштитувајќи ги очите од оштетување како резултат на изложување на сонцето.

Која е најретката природна боја на очите?

Најретката природна боја на очите всушност е зелена. Оваа боја ја имаат само 2 проценти од целата светска популација. Исто така, постојат некои ретки состојби кога луѓето имаат црвени или виолетови очи поради окуларен албинизам, а други имаат различни обоени ириси за секое око, поради хетерохромија.

Извор: Bright Side
Фото: Freepik