Студентите од сиромашни семејства ќе студираат бесплатно во Минесота

Студентите од сиромашни семејства ќе студираат бесплатно во Минесота

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Студентите што доаѓаат од сиромашни семејства во сојузната американска држава Минесота ќе може да студираат бесплатно на универзитетите во сојузната држава.

Студирањето ќе биде бесплатно за студентите чии семејства заработуваат 80.000 долари или помалку годишно. Кандидатите треба да имаат завршено средно образование во Минесота или да живеат во сојузната држава барем 12 месеци пред да се пријават за студии. Освен тоа, од студентите се бара да имаат и добри академски резултати.

Во рамките на иницијативата, универзитетите во Минесота ќе примаат и студенти кои немаат решен легален статус за престој во сојузната држава.

- Нашата цел е да се осигуриме дека кога ги прошируваме можностите, тоа се прави за сите жители на Минесота, без разлика на нивното потекло или легален статус - изјавил Омар Фатех, член на Сенатот во Минесота.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay