Тајландските нуркачи: „Не сме сигурни дали е чудо, наука или нешто друго“

Тајландските нуркачи: „Не сме сигурни дали е чудо, наука или нешто друго“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Тајландските нуркачи го прославија успешното спасување на 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа заробени во поплавената пештера.

-Не сме сигурни дали е чудо, наука или нешто друго - напишаа на „Фејсбук“ каде ја известуваат јавноста за спасувачката мисија.



-Сите 13 „Диви вепри“ се надвор од пештерата - напишаа на „Фејсбук“. Последното момче и тренерот беа извадени на третиот ден од спасувањето.

Тајландските „Фоки“ помогнаа во водењето на мисијата за ослободување на момчињата, напор што вклучуваше илјадници луѓе од целиот свет.

Тие исто така прославија кога последните нуркачи од „Фоките“ безбедно излегоа од пештерата откако момчињата беа спасени.
-Сите тајландски „Фоки“ излегоа безбедно - напишаа тие.


Во изминативе неколку дена тие постираа известувања за напредокот на мисијата, како што се натпреваруваа со времето, пред да ја отежнат мисијата монсунските дождови и паѓањето на нивото на кислород во пештерата.