Цементарница УСЈЕ вработува оператори за производство на варовник
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од
најуспешните компании во земјата
ТИТАН УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
Оператори на производство на варовник
Операторите во коп за варовник ќе бидат задолжени за водење и контрола на целокупниот систем за производство на варовник за потребите на фабриката, фракции и тампони. Грижа за квалитетот на произведениот варовник како и за состојбата на производствената опремата. Во случај на дефекти на машината, да ги преземат сите неопходни активности за нивно отстранување, како и пријавување на
сомнително или несоодветно работење на машината. Работното време се одвива во две смени. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
Потребни квалификации:
• Средна стручна подготовка, IV степен
• Претходно работно искуство од 1 година во областа ќе се смета за предност
Конкурентски предности:
Желба за работа во средина со високи барања
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Куса биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на ТИТАН УСЈЕ www.usje.mk во делот
„Кариера/Придружете ни се“ или на mail hr@usje.mk
или да достават CV во архива во просториите на ТИТАН УСЈЕ.
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на
неопределено време.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно
квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или
убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју