Денес и в понеделник уписи на УКИМ

Денес и в понеделник уписи на УКИМ

Бруцошите кои во првиот уписен рок за 2021/2022 година успеаја да добијат место на некој од факултетите при најголемиот универзитет во земјава „Свети Кирил и Методиј“, денеска и в понеделник се запишуваат на факултетите со поднесување на потребните документи.

Конечните ранг-листи за првиот уписен рок (можете да ги видите ТУКА) беа објавени на страниците на факултетите и на нив кандидатите можеа да си проверат дали се примени. Потоа факултетите ги објавија и информациите за потребните документи за запишување на примените кандидати на прв циклус студии во учебната 2021/2022 година.

Така, студентите треба да си подготват индекс, мали фотографии, свидетелства од средното образование, диплома за положена државна матура, извод, државјанство и други документи, но и да ја уплатат првата рата од партиципацијата на сметката наведена на страницата на факултетот на кој се запишуваат и други трошоци. Студентите треба детално да ги разгледаат потребните документи за запишување на страниците на факултетите на кои се примени.

Им посакуваме среќни и успешни студии на сите бруцоши!