„Нуклеарни тестенини“- најсилниот материјал на универзумот

„Нуклеарни тестенини“- најсилниот материјал на универзумот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Иако името звучи како шега, не е - нуклеарните тестенини може да помогнат во откривањето на мистериите на универзумот.

За да разберете зошто нуклеарните тестенини се толку импресивни, мора да сфатите зошто неутронските ѕвезди се толку импресивни. Овие ултрагусти објекти се појавуваат кога една масивна ѕвезда - неколку пати помасивна од нашето Сонце - го достигнува крајот на својот живот и се распаѓа во просторот со големина на град. Неутронската ѕвезда што се јавува како резултат е еден од најгустите објекти во универзумот, но нејзината густина не е иста низ целиот процес.

testenini
Фото: Getty Images


Неутронските ѕвезди се составени од неколку слоеви и како и кај Земјата, најоддалечената зона е позната како кора. Составена е од внатрешна и надворешна кора, а сето тоа се протега на околу еден километар надолу од површината. Физичарите мислат дека атомите на површината не се многу густи, но колку што се оди подолу во надворешната кора, толку поблиску се атомите што нивните електрони бегаат и нивните јадра формираат цврсто врзана решеткава структура. Уште подлабоко во внатрешната кора овие јадра се толку цврсто спакувани, што почнуваат да се организираат во бизарни форми што изгледаат како тестенини.

Некои од овие нуклеарни структури се како листови од лазањи, други како шпагети, а трети во форма на макарони. Дури и постојат антитестенини: антишпагетите се нуклеарна материја што се пробива низ тунели, а антигночите се полни со дупки како швајцарско сирење. Исто така, постојат и нуклеарни вафли.

Слојот на тестенини е дебел од 100 до 250 метри, но е толку густ што може да содржи повеќе од половина од вкупната маса на кората. Тоа значи дека е важно да се сфати, бидејќи ако знаете како е поставена нејзината густина, можете да ги предвидите начините на кои може да се однесува. За таа цел, истражувачите создале компјутерски симулации на нештата и сфатиле колку сила е потребна за да се скрши.

Излегува дека кршењето на нуклеарните тестенини бара многу сила - 10 милијарди пати од потребната сила да се скрши челик.

Овој факт многу помага. Магнетарните експлозии, земјотресите на ѕвездите и најважно, спојувањето на неутронските ѕвезди се смета дека е вклучено во кршењето на кората. Овој последен пример е извор на првото директно откривање на гравитациските бранови уште во 2017 година. Но, овие бранови се случуваат само ако кората на неутронската ѕвезда е трнлива и со планини - што во термините на неутронската ѕвезда значи дека ќе треба да има врвови само неколку сантиметри високи. Но, колку е поцврста кората, толку се поголеми планините. Според овие симулации, нуклеарните тестенини се доволно цврсти за да ги држат планините, што е дефинитивно доволно големо за производство на континуирани гравитациски бранови.