Најдобрите универзитети за компјутерски науки и инженерство во светот

Најдобрите универзитети за компјутерски науки и инженерство во светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Тајмс хајр еџукејшн“ ги објави листите со најдобрите универзитети во светот за компјутерски науки и инженерство за 2022 година.

На листата за компјутерски науки има 891 универзитет, а на листата за инженерство и технологија има 1.188 универзитети. Најмногу претставници на двете листи имаат САД и Обединетото Кралство.

Најдобри 5 универзитети за компјутерски науки

1. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
2. „Стенфорд“, САД
3. Технолошки институт во Масачусетс, САД
4. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
5. ЕТХ Цирих - Швајцарски федерален технолошки институт, Швајцарија

Најдобри 5 универзитети за инженерски дипломи

1. „Харвард“, САД
2. „Стенфорд“, САД
3. Универзитет во Калифорнија, Беркли, САД
4. Технолошки институт во Масачусетс, САД
5. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство

Извори: Times Higher Education (Computer science) | Times Higher Education (Engineering degrees)
Фото: Pixabay