Singular го прослави отворањето на новите канцеларии во Скопје

Singular го прослави отворањето на новите канцеларии во Скопје

Интернационалната ИТ-компанија Singular официјално ги отвори вратите од новите модерни канцеларии во Скопје. Отворањето беше одбележано со голема прослава на која тимот, менаџментот и поканети гости наздравија за релокацијата на канцелариите и почетокот на ова значајно поглавје за компанијата.

Отворањето на новите канцеларии се случува по една година откако Singular стана Flutter Entertainment, глобален бизнис што работи со напредни технологии и управува со дел од светски најиновативните, разновидните и препознатливи брендови за спортско обложување и игри. Новиот канцелариски простор, со својот модерен изглед и ентериер што поттикнува тимска работа и дружење, се очекува дополнително да го сплоти тимот од Скопје при соработката со другите колеги од групацијата Flutter и заедно да ја постават основата за идниот раст на компанијата.



Дарко Гацов, коосновач и главен оперативен директор на Singular, истакнува: „Тоа што ги ‘пораснавме’ старите канцеларии е плоден исход на нашата успешна работа и силен тимски дух низ годините. Среќни сме што сега дополнително ќе ги зацврстиме нашите долгорочни амбиции како бренд на Flutter и ќе ја продолжиме нашата посветеност кон иновација и извонредни резултати - сето ова директно од нашата нова девелопмент-база. Ова е местото каде што заедно ќе оствариме многу сериозни цели во текот на наредните години.“

Континуираниот успех и растот на тимот претставуваа одлична можност и причина за Singular да започне со работа во нов канцелариски простор кој не само што ќе ги исполни барањата и потребите на вработените, туку ќе охрабри поголема тимска соработка и дружење, имајќи предвид дека ова поле беше најмногу засегнато за време на пандемијата. Компаниската култура на Singular става огромен акцент на тимот и неговата добросостојба, па со тоа градењето нова девелопмент-база што ќе нуди извонредно работно искуство беше од огромно значење.



Канцелариите се лоцирани во нова зграда од три ката каде што вработените може да работат според концептот „океан“, што им овозможува зголемена тимска работа и размена на знаење. Секој детаљ од канцеларијата е внимателно избран, со цел ентериерот целосно да се вклопи со духот на Singular и компаниската култура. Канцелариите го нудат совршениот баланс помеѓу работа и забава, па така вработените може лесно да преминат од работните простории во собите за забава и релаксација. Но, она што ги прави новите канцеларии особено привлечни е кафулето на покривот од зградата, кое нуди одличен поглед за вработените.

- Навистина сме радосни што започнуваме со работа од нови канцеларии каде што вработените ја имаат флексибилноста и сите ресурси што им се потребни, но истовремено и да работат во модерен простор што поттикнува продуктивност, тимска работа и забава. Вработените се клучни за нашиот успех и сакаме да се чувствуваат извонредно од секој аспект. Нашите луѓе и културата отсекогаш биле главен приоритет на Singular и новите канцеларии се доказ за тоа - вели Елена Инадеска-Аврамовска, менаџер за човечки ресурси на тимот во Скопје.



Singular е наградувана ИТ-компанија со главни канцеларии на Малта и две девелопмент-бази во Грузија и во Македонија. Компанијата бележи огромен раст и успех уште од почетокот на работењето, благодарение на што тимот постојано се зголемува и денес има над 160 вработени низ сите три канцеларии. Во 2021 г. Singular стана дел од Flutter Entertainment. Аквизицијата дополнително ги зацврсти вредностите што Singular длабоко ги негува како дел од својата култура: размената на идеи и знаење помеѓу брендови, тимови, колеги.

За повеќе информации за Singular и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk



(Комерцијална објава)