Интересни факти за нашиот свет кои веројатно не сте ги слушнале досега

Интересни факти за нашиот свет кои веројатно не сте ги слушнале досега

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Убер-фактс“ е веб-страница на која пишува дека ги споделува најмалку важните работи што не мора да ги знаете. Сепак, иако тоа точно ја опишува содржината на веб-страницата, фактите што може да се најдат таму се интересни и го примамуваат корисникот да продолжи со читање. Во продолжение следуваат некои од најфасцинантните „неважни“ факти што може да се најдат на веб-страницата.

Хомосексуалноста се сметала за болест во Шведска во 1979 г. Швеѓаните протестирале со тоа што не оделе на работа бидејќи се чувствувале „болни“.

Дарителите на крв во Шведска добиваат порака секогаш кога нивната крв ќе спаси живот.

Били Џоел не продава карти за првите редови на неговите концерти. Тој им ги доделува на обожаватели по случаен избор кои се во „евтините“ места за пред него да има вистински обожаватели.

Во последната војна во која учествувал Лихтенштајн испратил 80 војници. Се вратиле 81 војник. Дошол и италијански војник кој се спријателил со војниците од Лихтенштајн и сакал да живее во земјата.

Јапонската компанија „Пиала Инк“ им дава дополнителни 6 дена одмор на работниците што не пушат за да им надомести за паузите за пушење што ги земаат работниците-пушачи.

Американскиот претседател Џими Картер еднаш кажал шега на говор во Јапонија која предизвикала огромна смеа кај публиката. Импресиониран, тој го прашал преведувачот како успеал да добие таква реакција. Преведувачот му открил дека ѝ кажал на публиката „Претседателот Картер кажа смешна приказна. Сите мора да се смеете“.

На 18 април 1930 г. во вестите на Би-би-си имало известување дека „нема вести“ и потоа пуштиле музичка изведба со пијано.

Во 2001 г. актерот Марк Рафало сонувал дека имал тумор на мозокот, но сонот бил толку реалистичен што тој отишол на преглед. Било откриено дека навистина има бенигнен тумор во мозокот што требало да се отстрани.

Родителите на Даниел Редклиф му дозволиле да остане буден уште половина час за да прослави кога открил дека ја добил улогата за Хари Потер.

Во 2009 г. Стивен Хокинг организирал забава, но ја известил јавноста откако завршила за да дојдат само временски патници. Како што очекувал, не се појавил никој.

Најпребаруваниот збор на пребарувачот „Бинг“ е „гугл“.

Во 2016 г. жена од Кина побарала секој од нејзините 20 момчиња да ѝ го купи најновиот „ајфон“. Потоа ги продала и со парите си купила куќа.

Земјата веќе поминала низ 5 масовни изумирања, а во моментов го живееме 6-тото, според научниците.

Шакира течно зборува англиски, шпански, италијански, арапски и португалски јазик.

Автор: Рокас Лауринавичиус
Извор: boredpanda.com
Насловна фотографија: Pixabay