Од стрип до екран: Шпаркасе Банка ја претвора финансиската едукација во нова видеоприказна со Гордан и Бранка од VibeOnEdu.mk

Од стрип до екран: Шпаркасе Банка ја претвора финансиската едукација во нова видеоприказна со Гордан и Бранка од VibeOnEdu.mk

VibeOnEdu.mk, бесплатната дигитална платформа за финансиска едукација на Шпаркасе Банка, која веќе обединува повеќе од 5.000 корисници, добива нова димензија. Препознатливите стрип-ликови Гордан и Бранка за првпат оживуваат во видеоформат, преку кој финансиските теми ќе им бидат претставени на младите на интерактивен, практичен и забавен начин. Првата сезона носи 10 епизоди посветени на финансиските предизвици и навики од секојдневието.

Шпаркасе Банка со години континуирано придонесува кон унапредувањето на финансиската едукација во државата, преку активности за различни возрасни групи. Во изминатите две години, заедно со сертифицирани ментори, Банката едуцирала повеќе од 1.000 млади лица преку работилници за финансиска едукација.

Новиот видеоформат е следен чекор во развојот на VibeOnEdu.mk, создаден од тим експерти на Банката во соработка со повеќе од 250 млади лица. Гордан и Бранка, познати од стрипот „Твојот вајб за финансии“, преку првите 10 епизоди ќе обработуваат финансиски теми блиски до секојдневието на младите. Првата епизода, насловена „Мали трикови за дневно штедење“, веќе го најавува практичниот пристап на серијалот, кој ќе биде достапен на дигиталните канали на Шпаркасе Банка и VibeOn.

VibeOnEdu.mk е дел од поширокиот VibeOn концепт на Шпаркасе Банка, кој ги обединува финансиската едукација, советувањето и банкарските услуги наменети за младите. Како дел од овој концепт, годинава беше отворена и VibeOn, првата и единствена експозитура за млади во државата, која нуди финансиски совети, поддршка и банкарски производи и услуги приспособени на нивните потреби.

„Особено сме горди што VibeOnEdu веќе ужива висока доверба кај корисниците, кои ја оценуваат платформата со просечна оценка од 4,9. Тоа е потврда дека сме на вистинскиот пат и дека создаваме содржини што младите ги препознаваат како корисни и применливи во нивното секојдневие.



Со новиот видеоформат сакаме финансиското образование да го направиме уште поблиско, поразбирливо и подостапно. Нашата цел е секој, без разлика на возраста, претходното знаење или професионалната определба, да има можност бесплатно да стекне финансиски знаења и вештини што ќе му помогнат да носи подобри одлуки и да ги остварува своите лични и професионални цели“, вели Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.

Платформата нуди два тематски модули – Управување со лични финансии и Бизнис-финансии, со 15 бесплатни курсеви и сертификати на македонски, на англиски и на албански јазик. Преку VibeOn, Шпаркасе Банка гради заедница од над 60.000 млади лица, обединувајќи финансиска едукација и специјализирани банкарски услуги и создавајќи простор младите да ги развиваат своите финансиски знаења, вештини и самостојност.

(Комерцијална објава)