Почина Мари Фредриксон, пејачката на „Роксет“

Почина Мари Фредриксон, пејачката на „Роксет“

Пејачката на „Роксет“, Мари Фредриксон, почина на 61-годишна возраст, пренесе Би-би-си.

Шведската ѕвезда постигна глобален успех во 90-тите години со хитовите Joyride, The Look и It Must Have Been Love.

Во соопштение беше наведено дека пејачката починала вчера по битка со ракот која траела 17 години. На Фредриксон ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот во 2002 година. По тригодишна терапија таа се врати во јавноста и учествуваше во турнеи на „Роксет“ од 2008 до 2016 година.

За жал, ракот се врати и ѕвездата почина.

- Ти беше најпрекрасниот пријател повеќе од 40 години. Нештата никогаш нема да бидат исти. Ти благодарам, Мари, благодарам за сè. Благодарам што ги наслика моите црно-бели песни во најубавите бои - истакна Пер Гесле, другиот член на дуото.

Мари остави големо музичко наследство.