„Празници со 0 % камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит банка

„Празници со 0 % камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит банка

ПроКредит банка ја претставува „Мастеркард“ кредитната картичка преку промотивната кампања „Празници со 0% камата“

Овие празници, ПроКредит банка подготви специјална понуда заедно со „Мастеркард“. Пред вас е можност да ја искористите „Мастеркард“ кредитната картичка наменета за физички лица, која овозможува 0% камата во рамките на промотивниот период до 28 февруари 2026. Картичката нуди можност за плаќања на сите продажни места и онлајн плаќања во земјата и во странство. Со оваа понуда ПроКредит банка нуди практично решение за сите што сакаат да ги поминат празниците исполнувајќи ги своите желби и потреби, како и оние на најблиските без дополнителен финансиски трошок.

Промотивната понуда под слоганот „Празници со 0 % камата“ ги нагласува предноста и можноста за паметно финансирање во периодот кога потрошувачките потреби се зголемуваат, како празнични патувања, изнајмување возила во странство, празнични подароци, семејни прослави, празничен шопинг и други омилени потреби во овој период. Оваа кредитна картичка е дизајнирана да им понуди поголема слобода и финансиска контрола на корисниците, со брза и едноставна онлајн апликација и минимални административни барања.

Клучни придобивки за клиентите:
• 0 % камата во промотивниот период (до 28 февруари 2026).
• Без годишна членарина во првата година.
• До 3 плати во минус – дополнителна финансиска флексибилност.
• Можност за отплати на рати до 24 месеци.
• Онлајн процес на аплицирање и одобрување во рок од 3 дена, што овозможува брза и практична процедура за сите постојни и нови клиенти.
• Можност да ја користите во неограничен број продажни објекти, туристички агенции, сервиси за изнајмување возила – важи во земјата и странство.

-Преку промотивната понуда „Празници со 0 % камата“, ПроКредит банка обезбедува дополнителна поддршка во период кога трошоците природно растат, овозможувајќи кредитна картичка за сите нови и постојни клиенти, без скриени трошоци и комплицирани услови за аплицирање. Продолжуваме да обезбедуваме едноставно и транспарентно искуство, по најдобри услови за сите постојни и нови клиенти достапно преку нашата веб-страница, 24/7 зоните и нашата мрежа на експозитури - изјави Марина Ѓурѓовска Аџиовска, директор на сектор за физички лица.

Искористете ја промотивната понуда и уживајте во празниците со 0 % камата. Аплицирајте лесно и едноставно уште денес на веб-страницата на ПроКредит банка. Понудата важи до 28 февруари 2026 година.

(Комерцијална објава)