Дрво старо 110 години претворено во мала библиотека

Дрво старо 110 години претворено во мала библиотека

Подготвил: Тамара Гроздановски

„Малата бесплатна библиотека“ е непрофитна организација чија цел е да ги инспирира луѓето и да им помогне да изградат општество охрабрувајќи ги да почнат размена на книги во нивното соседство. Од 2009 година организацијата помогнала во инсталирањето на повеќе од 75.000 библиотеки во 88 земји и размена на милиони книги на годишно ниво, ширејќи ја љубовта за книгите насекаде.

Инспирирана од проектот, неодамна една девојка од Ајдахо одлучила да создаде своја уникатна малечка библиотека.