Напредна обука за млади професионалци од ЦЕИ земјите-членки

Напредна обука за млади професионалци од ЦЕИ земјите-членки

Во контекст на Програмата за напредна обука за млади професионалци од ЦЕИ земјите-членки, ЦЕИ нуди три стипендии од 1.650 евра месечно во времетраење од 12 месеци.

Избраните кандидати ќе се приклучат на Извршниот секретаријат на Централноевропската иницијатива во Трст (ЦЕИ-ЕС).

Врз основа на нивните наставни програми и професионално искуство, избраните кандидати ќе му помагаат на Секретаријатот во спроведување на активностите на организацијата во областите на администрирање на канцелариите, посредништво и истражување на политиките.

Главни квалификации:


- Најмалку 2-3 години релевантно искуство во областа поврзана со јавните и приватните тела, меѓународни организации и други регионални тела, како и невладини организации.

- Граѓанин на една од земјите-членки на ЦЕИ (двојно државјанство или престој на друго место од земјата на потекло треба да биде пријавено).

- Универзитетска диплома од признаена академска институција.

- Одлично познавање на англискиот, и говорен и пишуван.

- Вештини за користење на „Microsoft Office“, „Word“, „Еxcel“, „Power Point“, „Оutlook“.

Aпликациите треба да бидат испратени на info@cei.int до 25 јануари 2019 година.

ТУКА можете да ја преземете апликацијата.