Моќта на прегратката

Моќта на прегратката

„На човекот му се потребни четири прегратки дневно за да преживее. Осум прегратки дневно ни се потребни за да се одржуваме, а дванаесет на ден за да напредуваме“ - Вирџинија Сатир

Можеби ова звучи како претерување, меѓутоа, ако се потсетиме дека кожата е нашиот најголем орган, а нежниот, смирувачки допир е еден од првите и најсилни впечатоци непосредно по раѓањето, овие зборови на Вирџинија Сатир лесно се разбираат. Кога бебето плаче, мајката го зема в прегратка и нежно го ниша. Често само допирот е доволен за таа да го смири бебето.

Помалку е познато дека најсилните и најдлабоките емоции не можат да се изразат со зборови, но тие можат да се доживеат само со телото.

Уште во средината на минатиот век Рене Шпиц, доктор и психоаналитичар, забележал дека децата во сиропиталиштата и болниците побавно напредуваат и полесно се разболуваат. Како причина за тоа тој го посочил недостигот на внимание и допир и го потврдил тоа со експериментот во кој медицинските сестри имале задача секојдневно да ги држат децата во прегратка и да поминуваат време со нив. Децата што добиле дополнително внимание побрзо напредувале и побрзо оздравувале.

Истражувањата го потврдуваат тоа и додаваат аргументи во прилог на моќта што ја има прегратката врз лекувањето:

- Прегратката го намалува притисокот;
- За време на прегратката се лачи окситоцин, хормонот кој е задолжен за емоционалното поврзување;
- Прегратката го поправа расположението;
- Топлината ги поврзува умот и телото.

Сетете се на ова кога следниот пат ќе видите дека некоја ваша драга личност е тажна или вознемирена. Понудете ја вашата прегратка и, секако, слободно побарајте прегратка тогаш кога ќе ви биде потребна.