Популарни бесплатни онлајн курсеви кои почнуваат во јануари

Популарни бесплатни онлајн курсеви кои почнуваат во јануари

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во јануари почнуваат многу бесплатни онлајн курсеви на платформите „Курсера“ и „Ед-екс“. Во продолжение се некои од најпопуларните бесплатни онлајн курсеви кои започнуваат овој месец.

Развој на бизнис: од почеток до раст“ (Business Development: From Start to Scale)

Курсот трае 12 седмици и им помага на курсистите да ги научат концептите потребни за основање и развивање бизнис.

Вештачка интелигенција за инвестиции“ (Artificial Intelligence (AI) for Investments)

Овој курс е дизајниран за да им помогне на идните аналитичари, акционери, брокери и консултанти да ја користат вештачката интелигенција за да ги максимираат добивките од инвестициите.

Основи на 5Г-мрежа“ (5G Network Fundamentals)

Курсот ги претставува примените и составот на 5Г-мрежите, како и основите за технологиите поврзани со нив.

Историја на медицината: филозофија, наука и психологија“ (The History of Medicine: Philosophy, Science, and Psychology)

Курсот нуди историски поглед на медицината, фокусирајќи се на терапиите и практиките во оваа област.

Психологија на индивидуални разлики“ (Psychology of Individual Differences)

Овој курс има цел да им помогне на курсистите да го разберат концептот на индивидуални разлики со цел подобро разбирање на себеси и на другите.

Социологија на медиумите“ (Sociology of Media)

Курсот нуди вовед во медиумите и комуникациите, од социолошка перспектива, фокусирајќи се на општествената улога и значењето на медиумите.

Инженерска статистика“ (Engineering Statistics)

Курсот ги нуди основните концепти во статистиката и нејзината употреба во инженерството.

Фудбал: повеќе од игра“ (Football: More than a Game)

Овој курс се фокусира на светот на фудбалот, парите, ривалствата, трендовите, минатото, сегашноста и проблемите во спортот.

Антропологија: човечка генетика“ (Anthropology_Human Genetics)

Станува збор за воведен курс кој го разгледува брзото напредување во разбирањето на улогата на човечкиот геном во здравјето и болестите.

Извор: Class central
Насловна фотографија: Pixabay