Македонски мајкрософт-тренери меѓу топ-100 во светот

Македонски мајкрософт-тренери меѓу топ-100 во светот

Тројца тренери на Семос Едукација добија престижно признание од „Мајкрософт“!

Македонија ја зацврсти својата позиција на светската технолошка мапа. Тројца истакнати мајкрософт сертифицирани тренери (MCT) од тимот на Семос Едукација се закитија со титулата „Top 100 Quality Award winners“, признание кое „Мајкрософт“ им го доделува на 100. најдобри едукатори во светски рамки.

Елена Димовска, Дејан Вакански и Дејан Кумпаниоски се имињата што стојат зад овој историски успех. Покрај тоа што овие признанија се нивен личен триумф, воедно се и потврда за врвниот квалитет на македонскиот едукативен кадар кој се натпреварува со милиони професионалци во светот.



Наградата се доделува врз основа на ригорозните MTM (Metrics That Matter) анкети, каде што самите студенти и професионалци од целиот свет ги оценуваат вештините, знаењето и методологијата на предавање на тренерите. Да се биде во Топ-100, во конкуренција на илјадници MCT тренери на светско ниво, е доказ за:

• Исклучителна посветеност на едукативниот процес.
• Врвна експертиза во имплементација на мајкрософт-технологиите.
• Највисоки оцени за квалитет на обука директно од крајните корисници.

- Денес македонското знаење го добива својот највисок меѓународен печат. Горди сме што Елена, Дејан и Дејан се дел од нашиот тим и што секојдневно инспирираат нови генерации ИТ-професионалци - изјави Ирена Ивановска, сениор директор од Семос Едукација.



„Мајкрософт“ официјално ќе ги објави победниците во престижниот MCT Lounge, со што македонските тренери стануваат амбасадори на знаењето и квалитетот во глобалната мајкрософт-заедница.

Овој успех е уште еден доказ дека Семос Едукација останува лидер во ИТ-едукацијата во регионот, поставувајќи стандарди кои сега се препознаени и наградени од самиот технолошки гигант „Мајкрософт“.