Награда „Академик Боро Митриќески“ за вајарката Гордана Хаџи-Николова Малашев

Награда „Академик Боро Митриќески“ за вајарката Гордана Хаџи-Николова Малашев

Подготвил: С.Ѓ.

Лектор: Ивана Кузманоска

Вајарката Гордана Хаџи-Николова Малашев ја доби наградата „Академик Боро Митриќески“, која синоќа ѝ ја додели Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Наградата ја обезбеди фамилијата Митриќески. По подолго време е возобновена изложбата посветена на современата скулптура, која е отворена во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.
Изложбата ја отвори Филип Фидановски, претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, а присутните ги поздрави и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за култура. Изложбата ќе може да се посети до 20 април.


Дело на Гордана Хаџи-Николова Малашев