Погледнете го официјалниот трејлер за филмот „Кралот лав“

Погледнете го официјалниот трејлер за филмот „Кралот лав“

Компанијата „Дизни“ го претстави првиот официјален трејлер за новата преработка на цртаниот филм „Кралот лав“, што овој пат е во облик на игран филм.

Новата реалистична верзија на хитот на „Дизни“ од 1994 година ќе ја има премиерата на 19 јули годинава, прво во САД, а потоа и во кината низ светот.

Македонската публика ќе може да го гледа во „Синеплекс“.



Гласовите на ликовите ги позајмуваат Доналд Гловер (како Симба), Чиветел Еџиофор, Бијонсе, Сет Роген, Џејмс Ерл Џонс и други.

Сценариото е на Џеф Нејтансон, а режисер и главен продуцент е Џон Фавро.

Извор: МИА