Неверојатна анимација покажува зошто прстените на Сатурн се како минијатурен соларен систем

Неверојатна анимација покажува зошто прстените на Сатурн се како минијатурен соларен систем

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога вонземјани би патувале меѓу ѕвездите и би го посетиле нашиот Сончев Систем, тогаш Сатурн е планетата што веројатно би ја запомниле.

Седумте гигантски прстени што кружат околу нејзиниот екватoр ја прават оваа планета прилично интересна. Можеби не е очигледно на сликите, но парчињата мраз и карпите што ги сочинуваат овие прстени кружат околу Сатурн со брзина речиси 70 пати поголема од брзината на звукот. Покрај тоа, секој прстен се движи со свое сопствено темпо.

- На некој начин, прстенот е како мини сончев систем. Објектите во близина на Сатурн орбитираат побрзо, во спротивно тие би паднале на самата планета, додека далечните објекти може да си дозволат да одат малку побавно - вели Џејмс О'Донахју, планетарен научник од јапонската вселенска агенција ЈАКСА.

Џејмс создал анимација што покажува како секој прстен се движи во прекрасен, кружен танц. Во анимацијата, линијата означена како „синхрона орбита“ е синхронизирана со ротацијата на  Сатурн, покажувајќи кои делови од прстените ќе ги видите со текот на времето ако стоите на тоа место на планетата.

Најбавниот, најоддалечен прстен на Сатурн се врти со околу 16.000 километри во секунда - побавно од ротацијата на Сатурн.

Одблизу, прстените на Сатурн не се толку хаотични како што изгледа со оглед на големата брзина со која патуваат. Според Џејмс, зрната мраз на соседните траектории се движат само неколку сантиметри во минута во однос на една со друга.



Извор: Svijetkulture.com
Фото: Freepik