Астронаутите на НАСА направија историски фотографии од вселената за време на затемнувањето на Сонцето

Астронаутите на НАСА направија историски фотографии од вселената за време на затемнувањето на Сонцето

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Фотографиите направени од Земјата за време на затемнувањето на Сонцето се прилично неверојатни. Но, фотографиите направени од астронаутите во вселената нудат неверојатна глетка.

Имено, астронаутите на Меѓунарoдната вселенска станица снимија неверојатни глетки од целосното затемнување на Сонцето на 8 април.

1
Фото: NASA

Фотографиите и снимките од затемнувањето не беа случајни. НАСА со месеци ја приспособува висината на орбиталната лабораторија. Резултатот беше историска слика од сенката на Месечината која се движи од Њујорк кон Њуфаундленд.

2
Фото: NASA

Сенката на Месечината беше забележана и на еден од оперативните еколошки сателити на националната океанска и атмосферска администрација. Секоја од нив обезбедува слики и податоци за атмосферските услови.

nasa
Фото: NASA

Исто така, сателитите забележаа намалени температури на површината на Земјата за време на затемнувањето, бидејќи количината сончева светлина што стигнува до Земјата беше намалена.
Извор: Forbes.com
Фото: NASA