Не знае да се справи со неуспех, ако некој даде гол, гледа да му го поништи. Многу се фрустрира ако згреши... Што да направам?

Не знае да се справи со неуспех, ако некој даде гол, гледа да му го поништи. Многу се фрустрира ако згреши... Што да направам?


Син ми има 7 години, но сѐ уште не знае да се избори со фрустрциите и неуспехот. На училиште наставничката го фали како еден од најумните и најодговорни ученици и е со одличен успех. Но дома ситуацијата е многу лоша. Прво одделение го помина со плачење, удирање и врескање секогаш кога пишуваше букви. Под изговор дека буквите се лошо напишани, ги бришеше по неколку пати иако наставничката тврди дека има најубав ракопис. Го решив проблемот така што го изолирав во детска соба сам да работи, а кога ќе биде готов само да ни покаже. Веќе не плачеше и не врескаше. Но однесувањето почна да се повторува, овој пат за читање. Сам не сака да чита, мора со него да читам, но при првиот збор на кој ќе застане, т.е. не може да го прочита, почнува да вреска и да плаче. Му нудам помош, но одбива. Ако му кажам збор, уште похистеричен е и вика зошто ми помагаш?
Исто и надвор е лош (во смисла ако некој даде гол, тој гледа да го поништи). Нема одено во градинка, а има помало братче над кое исто така се однесува доминантно. Не знам како да му помогнам да се смири, особено за читањето.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк