Градинките во Аеродром се претворија во екоработилници: малите херои учеа како се селектира отпад
Во градинките во Општина Аеродром се одржаа серија едукативни и креативни работилници за правилно селектирање отпад, наменети за деца од предучилишна возраст. Под мотото „Малите еко-херои за чиста иднина“, компанијата „Еуро-Екопак“, како колективен постапувач за отпад од пакување, преку игра, разговор и уметност ги доближи до најмалите основните навики за грижа кон природата и животната средина.
Работилниците се одржуваа минатата недела, секој ден на различна локација, опфаќајќи ги градинката „Буба мара“ и нејзиниот клон „Сонце“, како и градинката „Срничка“ со објектите „Бамби“, „Чекорче и штурче“ и „Калинка“. Децата имаа можност на практичен, креативен и интерактивен начин да научат зошто е важно отпадот правилно да се селектира.
Во рамките на активностите, уметник ги водеше децата низ процес на боење канти за селекција на отпад со еколошки симболи. Преку цртање, игра и едноставни практични примери, најмалите учеа како да препознаваат различни видови отпад, каде треба да се одложуваат и како секојдневните навики можат да придонесат за почиста и поздрава околина.
- Веруваме дека еколошката едукација треба да започне уште од најмала возраст. Децата најлесно учат преку игра, боја, креативност и личен пример, а токму тоа беше суштината на овие работилници. Со проектот „Малите еко-херои за чиста иднина“ сакаме да им покажеме дека и тие, со мали секојдневни постапки, можат да бидат вистински херои за почиста и поздрава иднина. Особено ни е драго што Општина Аеродром ја препозна важноста на оваа иницијатива и даде поддршка за нејзина реализација - изјави Лука Луковски, директор на „Еуро-Екопак“.
Целта на мини-караванот е подигнување на еколошката свест кај децата од предучилишна возраст и развивање навики за правилно селектирање отпад уште од најраното детство. Преку едукативни и интерактивни работилници, креативни активности, учење преку игра и дружење, децата беа поттикнати да размислуваат за својата улога во заштитата на животната средина.
„Еуро-Екопак“ најавува дека и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон едукација, подигнување на јавната свест и поттикнување на правилно селектирање отпад, со посебен фокус на најмладите генерации како носители на позитивни промени.
(Комерцијална објава)