Денеска имаме 175 новозаболени од Ковид-19

Денеска имаме 175 новозаболени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 971 тестирање, а се регистрирани 175 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Најмногу новозаразени има во Скопје - 131, а има и пет починати пациенти. Оздравени се 18 пациенти, од кои најмногу во Скопје.


Новозаразени по градови:

- Скопје 131
- Куманово 24
- Штип 2
- Прилеп 2
- Тетово 5
- Струга 2
- Велес 4
- Охрид 1
- Гостивар 2
- Свети Николе 2

- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72 г). Во ГОБ „8 Септември“ починаа тројца пациенти од Скопје - пациентка (60 г.) примена на 5 јуни, пациент (64 г.) примен на 8 јуни и пациент (59 г.) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72 г.) примен на 30 мај - соопштија од МЗ.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.

- Скопје 12
- Штип 1
- Тетово 3
- Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања за Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.