Од 15 јуни студентите ќе можат да се иселат од студентските домови во Скопје

Од 15 јуни студентите ќе можат да се иселат од студентските домови во Скопје

Студентите сместени во државните студентски домови во Скопје од понеделник (15 јуни) ќе можат да се иселат од објектите во кои беа сместени во тековната академска година. Владата синоќа го усвои и протоколот за иселување.

Студентите со недели јавно прашуваа кога ќе можат да се отселат, со оглед на тоа дека поради пандемијата на Ковид-19, мораа уште во март да ги напуштат студентските домови. 

Иселувањето ќе се реализира до 3 јули, во работните денови од 8 до 16 часот.