„Македонска пошта“ на Јанко Константинов изложена во МОМА во Њујорк

„Македонска пошта“ на Јанко Константинов изложена во МОМА во Њујорк

Макета од „Македонска пошта“ во центарот на Скопје, едно од ремек-делата на нашиот архитект Јанко Константинов, е изложена во Музејот на модерната уметност во Њујорк (МОМА). Неговото дело е селектирано во големата изложба „Кон бетонската Утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“, која од 15 јули до 13 јануари ќе биде отворена во престижниот музеј за светската јавност.

Изложбата вклучува повеќе од 400 цртежи, модели, фотографии и филмски снимки од повеќе различни архиви, семејни приватни колекции и музеи низ регионот, меѓу кои и дизајнот на Кензо Танге инкорпориран во постземјотресно Скопје.